ИМАЛО ТЕПАЧКА: Столе Стоилов заработи прекршочна пријава!

 Македонскиот ракометен репрезентативец и играч на РК Вардар, Стојанче Стоилов заработи прекршочна пријава за тепачката што се случи вчера рано изутрина во близина на пекарницата „Силбо“, на булеварот „Партизански одреди“.

2BAB3E384EEFB74B9DA74C8A0D7FC141

Според информациите на МВР, вчера во 4 и 40 часот, С.С. пријавил дека го нападнале 4-5 непознати лица откако претходно почнале расправија затоа што тој одбил да се фотографира со нив. Во тепачката, како што соопшти полицијата, ракометарот се здобил со видливи повреди.

„Околу 4 часот, на улица „Костурски херои“ во пекарницата „Силбо“, додека С.С. јадел заедно со неговите другари Д.М. и Н.Т., му пришле четири до пет непознати лица, кои сакале да се сликаат со него, но кога одбил, почнале вербално да го навредуваат и да му упатуваат погрдни зборови, по што излегле надвор и почнале да ги оштетуваат возилата на Д.М. и Н.Т“, стои во полицискиот билтен.

По ова, од пекарницата тие излегле надвор да видат што се случува, при што Стоилов бил физички нападнат со клоци и тупаници од страна на лицата. Едниот од напаѓачите е идентификуван како Т.Г. (33).

Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците, соопшти МВР, случајот е расчистен и на С.С. и Т.Г. им е издаден записник за констатиран прекршок за тепачка.

Коментари

Популарно