Блокиран патот Кичево - Охрид

Поради изведување работи на пат со минирање на патот А2 Кичево - Охрид на делот помеѓу Пресека - с.Врбјани од 13 до 15 часот денеска сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

prekin-na-sobracajot

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата

Коментари

Популарно