(ФОТО) ШОК ЗА РЕАЛ: Роналдо се повреди, го пропушта финалето?!

Кристијано Роналдо по пауза од неколку дена се појави максимално рехабилитиран на утринскиот тренинг, но само два часа по крајно оптимистичката порака, стигнаа доста загрижувачки вести од Валдебебас тренинг комплексот.

ronaldo-treing-640x360

Мадридските медиуми „Марка“ и „Ас“ будно ги следат сите случувања во Реал, а сега токму напладне пренесоа вест и која како го навлече стравот меѓу фановите на „кралскиот клуб“ во пресрет на финалниот натпревар со Атлетико во Лигата на шампионите.

Како што пренесува „Марка”, Роналдо по дуелот со Карвахал паднал врз Касилја, а потоа го напуштил тренингот.

ronaldo-3-640x360

Роналдо изреагирал доста панично и се пожалил на силен удар во мускулот на левата нога, експресно побарал помош од физиотерапевтите и лекарите на Реал и веднаш потоа со болна и сериозна гримаса на лицето се упатил кон соблекувалните и предвреме го завршил тренингот.

ronaldo-1-640x360

Ова секако не е воопшто добра вест за верните навивачи на Реал и за самиот Роналдо, особено ако се знае дека до големото случување во Милано на „Сан Сиро“ останаа само уште четири дена.

Коментари

Популарно