Во меѓународна акција разбиена балканска нарко група

Albania marijuana(1)

Во рамките на меѓународната акција наречена „Балкан“, разбиена е орагнизирана група на шверцери на дрога по потекло од Балканот.

- Во акцијата, спроведена во Албанија, Македонија, Косово, Грција, Бугарија, Турција и Италија, се уапсени најмалку 30 лица, а по 23 е издадена меѓународна потерница под сомнеж за недозволена трговија со дрога, објави порталот Албеу.

Во полициската операција се запленети 24 килограми хероин, 1,8 килограми кокаин, 183 килограми марихуана, како и поголемо количество оружје и пари.

Од вкупниот број уапсени, 14 се од Албанија, меѓу кои тројца познати бизнисмени во областа на градежништвото и еден сопственик на луксузен хотел во Валона.

Акцијата насловена „Балкан“ е реализирана во соработка со американската ДЕА, а од истрагата потврдила дека хероинот бил шверцуван на релација Турција-Косово-Албанија, а потоа дрогата била транспортирана во Грција или во некоја друга земја членка на ЕУ.

Исто така, групата шверцувала марихуана од Албанија во Македонија, Грција и Турција.

Коментари

Популарно