КОНЕЧНО: Од следната сезона на „Филип II“ ќе ги гледаме Ѕвезда, Динамо, Хајдук...

Она што некогаш беше фудбалската лига на СФРЈ од догодина, во намелен формат повторно ќе заживее. Долго најавуваниот проект наречен „Балканска лига во фудбал“ би можел да стартува веќе од почетокот на сезоната 2017/2018, откако доби зелено светло од страна на УЕФА. Српскиот весник „Блиц“ обелодени дека европската куќа на фудбалот на последниот состанок не само што одобрило едно вакво натпреварување, туку и дала парична помош од три милиони евра за негово стартување. За Балканската лига да биде сфатена уште посериозно УЕФА дала и ветување дека шампионот во ова натпреварување ќе добие и автоматско место во групната фаза од Лигата на шампиони.

uefa-balkanska-liga-615x400

Во ситуација кога домашните лиги во земјите од поранешна Југославија се со очаен квалитет, јасно е зошто на Балканската лига се гледа како на идеално решение за враќање на популарноста на фудбалот во регионот и се почесто полнење на трибините на стадионите „од Вардар до Триглав“.

Останува само уште да се утврди форматот на натпреварување на Балканската лига. Според „Блиц“, оваа лига ќе брои 12 екипи, од кои Македонија ќе има еден претставник, исто колку и Словенија и Црна Гора, БиХ би имала два претставници, додека Србија и Хрватска би била најбројни со по три или четири екипи.

Сепак, засега ова се непотврдени информации, а јасно е дека секоја од фудбалските федерации на земјите од регионот ќе се обиде да се избори за што поголем број на екипи од своите редови. Само за потсетување, свој предлог околу формат-натпреварување изготви и Фудбалската Федерација на Македонија, опција што исто така ќе биде разгледана во следниот период.

Коментари

Популарно