Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за семејствата од поплавените подрачја

timthumb

-Средствата ќе се искористат за реконструкција на домовите

-Вработените од Македонски Телеком организираат донаторска акција и ќе помагаат во санирање на штетите во настраданите подрачја

Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за семејствата од поплавените подрачја кои како последица на силното невреме претрпеа големи материјални и емотивни штети.

Средствата ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на општина Гази Баба, отворена за оваа намена и ќе се искористат исклучиво за реконструкција на нивните домови.

Вработените во Македонски Телеком истовремено организираат донаторска акција за помош во соработка со Црвен Крст за собирање на најнеопходните средства и ќе помагаат на терен во санирање на штетите во настраданите подрачја.

Коментари

Популарно