ВИДЕО: Во Вевчани попот се лизгаше на задник, додека се слушаа рафали од огнено оружје

По традиција светиот чин на осветување на водите се одржа кај Вевчанските извори. Сепак, попот, кој не можеше да се симне близу до речното корито каде чекаа момчињата подготвени да скокаат по крстот, се излизга по снегот. Тоа наиде на голема смеа кај присутните.

Но, вевчанци не би биле тоа што се, ако на сета оваа весела атмосфера не додадат и нешто бучно. Додека попот се лизгаше по снегот, можеше да се чуе дека дел од насобраните пукаат од огнено оружје. Во еден миг одекнаа и рафални истрели. Целата сцена наликуваше гротескно, како да е карневалско одбележување на светиот ден.

Коментари

Популарно