Борко или Колев: Кој е „Министер за одбрана“?

Светското ракометно првенство во Франција влегува во зенитот. Останаа 8те најдобри да се борат за врвот на ракометниот свет. Македонските репрезентативци не се меѓу нив. Одиграа одлично, но немаа сили за историски успех и влез во 1/4 финалните мечеви и завршија на 13тото место. Овој пат пресилна беше Норвешка, а и повредите на Миркуловски и Мансков не ни беа од прилог. Лазаров изјави дека со нив ќе победевме, но и вака не треба да се срамат од постигнатото. Потполно се сложувам. Со подмладена репрезентација и повреда на двајца клучни ракометари пред решавачкиот меч, момците го постигаа максимумот. 30 минути беспоштедна борба и добар резултат...

Хејтери имало и ќе има, па и деновиве на социјалните мрежи има многу незадоволни „стручњаци“ од играчите и репрезентацијата. Сепак, оние кои навистина разбираат ракомет и чие мислење е ценето во светскиот ракомет, велат дека Македонија е тргната во вистински правец под палката на Лино Червар. Сепак, и кај нив, како и кај нас, сеуште изненадувањето зошто Македонија отпатува во Франција без Борко Ристовски.

Од селекторот добивме одговор дека голамнот на Барселона бил емотивно истрошен, на што Ристовски реагираше дека тоа не е така. Моите информации се дека Борко е виновен за тоа што не играл за Македонија, но дедека не се потврдат, нема да ги обелоденам. Искрено никогаш не сум бил голем фан на Ристовски, но ми пречат статиите на некои медиуми, дека Колев и Трајковски биле подобри од него. Без никаква намера да давам мој личен став, само погледнете ја статискиката.

Ристовски и Ангелов на светксото првенство 2015 година:

Тунис

Иран

Хрватска

Босна

Австрија

1/8 финале против Словенија

Колев и Трајковски 2017

Тунис

Ангола

Словенија

Шпанија

Исланд

1/8 финале против Норвешка

Очигледно е дека Ристовски и Ангелов имаат подобар процент на одбранети удари. Всушност, освен 1/8 финалниот меч против Словенија во 2015 година, дуото на секој друг натпревар е над 30% одбранети шутеви, за разлика од Колев и Трајковски, кои само два пати имаат над 30% скротени топки. Ќе се сложам дека дел од ударите кон голот на Колев и Трајковски беа без голман на голот, но сепак очигледно е дека стаистиката е на страна на оние кои не беа со нас во Франција оваа година.

Дури и без статистиката, кога имате голман кој брани во најдобриот клуб во последниве неколку децении, Барселона, нема некоја логика на вашиот гол да стои голманот на Охрид. Без намера да ги навредам Колев и Трајковски, голманската кариера на Ристовски за нив е бајка.

Никогаш за Борко нема да напишам „Министер за одбрана“, ниту да се поистоветам со фотографија на кој тој има 8 раце, бидејќи како што реков, не сум негов фан, но јасно е дека не смееме да си дозволиме голманот на Барселона да не игра за Македонија. Сето ова, секако ако тој сака да игра во црвено жолтиот дрес без свои ЕГО услови. Доколку токму тоа е проблемот, го молам селекторот јавно да ни каже. Овој пат без емотивна исцрпеност.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно