Закон за двојазичност на цела територија на Македонија и обавезно јадење свинско!

Минаа повеќе од два месеца од вонредните парламентарни избори и еден месец од платформата на албанските политички партии во Македонија, потпишана во Албанија. И додека партиите преговараат за мандати во собранието и формирање на влада, јавноста и медиумите на големо зборуваат за двојазичноста. Ветување кое пред изборит го даде СДСМ и лидерот Заев.

Повеќе од два месеци читам и гледам разно разни емисии со политичари и „експерти“ и за чудо досега никој не објасни, зошто е потребна двојазичност на цела територија. НИКОЈ! Па дури ни ветувачот, Заев. Од него слушнав една хипотетичка приказна за измислена „бабичка“ во Гостивар кој е Албанка и ете сиротката дошла во институција и сакала на албански да се обрати. Добро, Гостивар е двојазичен и денеска, што значи и без двојазичност на цела територија таа ќе биде услужена на албански. Ама кога сме кај бабички, што ако бабичкава беше Турчинка или Ромка или Србинка, Босанка....??? Или бабичките се исклучиво Албанки во приказните за двојазичноста на СДСМ?

Во потрага по одговор за потребата од двојазичност на цела територија на Македонија, пред некој ден гледав емисија на една национална телевизија, на која гостинка беше Нора Шакири. Темата беше токму платформата и Сорос, па мислев дека таа како Албанка ќе понуди одовор, но... Единственото нешто што оваа новинарка, која патем беше дојдена потпоплно неподготвена за дискусија, го понуди беше дека таа има внук кој знае 5 јазици и на него ете ништо не му фали, бидејќи јазиците се богатство. ОК, Нора, се слагаме, јазикот е богатство и тоа е уше една причина ние (Македонците) да сакаме да си го зачуваме нашиот. Јас не го познавам внук ти, но ќе ти верувам дека ништо не му фали и дека е супер детенце. Имам другар хомосексуалец. Супер дечко. Ништо не му фали. Тоа не значи дека тој е оправдување да се воведе закон со кој секој од нас ќе мора да има едно хомосексуално искуство месечно! ИЗБОР!!!! И јас имам другар кој знае 5 јазици, ама Албанскиот не е еден од нив. Не затоа што Албанскиот јазик не е убав или не е вреден да биде научен, туку затоа што мојот другар така одбрал. ИЗБОР!!!! Тоа е разликата во твојата приказна за внук ти и она што сега се заговара во Македонија. Сега е мој избор дали да учам Албански, ако помине платформата, некој нема да го има. Државата ќе наложи без да се знае зошто. Како што наложува плаќање на данок на пример. Но, за разлика од данокот, за кој државата има објаснува од потребата од истиот, за двојазичноста такво нешто не слушнавме. Ама корисно било, ама богатсво било, ама ќе не зближело.... Глупости! Корисно е на пример секој ден да се пешачи или да се спортува, па јас не знам ниту една држава која истото го наметнува со закон! Корисно според многу нутриционисти е да се јаде свинско еднаш неделно, но ако државата го наметне тоа со закон .... нели? Алкохолот е здрав по една чаша дневно, но мене пред работа не ми доаѓа цајкан со чаша вино и да ме гледа додека не ја испијам. Богатство е да се имаат многу деца и фунскционално семејство, но државата нема право да се меша во изборот, на било кој од нас, да остане сам цел живот. Или со партнер, но без деца. ИЗБОР!!! Корисно е да се има секс три пати неделно, но никој не платил казна за „посен“ период, до сега никаде во светот! Двојазичноста ќе не зближи? Гледам колку сме зближени овие неколку месеци. Сигирен сум дека цела источна Македонија во моментиве ја слави можноста да учи албански, иако Албанец во својот град не виделе.

Има уште милион слични примери, кои апсолутно докажуваат дека двојазичноста не е прашање на потреба, ниту на корисност, уште помалку прагматичност, туку националистичка платформа од етникумот кој вечно се жали дека е обесправен во Македонија. Истиот тој етникум сега бара дел од Македонците во источна Македонија да научат албански за да можат да ги опслужуваат Албанците кои ги нема во нивните градови! Без оправдување и образложување! Чисто автократно, фашистички! За да не зближи!!!!

За крај, она што не успеа да ми го објасни ниту еден политичар или експерт, ете ниту Нора, слободно нека ми го објасни било кој од вас кој ги чита овој текст. Можеби јас сум пропуштил нешто, можеби на источна Македонија баш албанскиот јазик и недостига, а на државава трошоци за обука на вработените во јавните институции таму или преселба на Албанци од другите делови на државава. Ајде, објаснете ми/ни Албанци, зошто ви треба двојазичност на цела територија?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно