ФОТО: Како да се играше во Македонија - Навивачите на Шалке ја накитија трибината со македонски знамиња

Реванш натпреварот меѓу Шалке 04 и ПАОК во Лигата на Европа синоќа повторно беше во центарот на вниманието. Откако навивачите на ПАОК на првиот натпревар кој се играше во Солун извадија транспарент на кој пишуваше: „Македонија е една и таа е тука“, браќата на „Комити“, навивачката група на Шалке, возвратија на политичката провокација.

На реваншот натпреварот кој синоќа се одигра во Гелзенкирхен, можеше да се забележи големо македонско знаме во првиот ред, како и голем број помали знамиња низ трибината. На првиот натпревар германскиот тим славеше со 0-3, а вториот дуел заврши 1-1, резултатот кој го носи фаворитот Шалке 04 во осминафиналето и го елиминираше грчки ПАОК од натпрeварувањето.

Коментари

Популарно