Кога вака ќе ги оставите виљушката и ножот, оставате порака: Овие слики ја откриваат најголемата тајна од рестораните

Положбата на виљушката и ножот откриваат дали оброкот ви се допаднал, планирате да јадете уште, ви се допаднало или не или сте завршиле со јадење.

Ручекот дома може да биде неформален и без правила, но во ресторан би требало да се придржувате кон соодветниот бон тон.

Положбата на вилушката и ножот на чинијата може да допринесат значајно за целокупното доживување во текот на ручекот и ресторанот бидејќи испраќа одредени пораки до келнерот, за кои можеби и не сте свесни.

1. Се уште јадам

Кога сакате полека да уживате во оброкот а келнерот да не ви стои над глава, или пак да ви ја земе чинијата пред да завршите, важно е виљушката и ножот да ги поставите на чинијата под агол од 45 степени, односно да формирате пирамида на чинијата. На тој начин испраќате порака дека се уште јадете.

2. Го очекувам следниот оброк

Кога ќе завршите со јадење, но сакате да испратите порака да ви го донесат следниот оброк виљушката и ножот поставете ги така што ќе формирате крст на чинијата.

3. Завршив

Кога сте готови со јадење и не сакате повеќе да јадете, виљушката поставете ја исправено паралелно со ножот. Тоа е јасен знак дека келнерот може да ја подигне чинијата и приборот од масата.

4. Беше вкусно

Кога сакате да изразите комплимент, виљушката и ножот поставете ги хоризонтално на чинијата. На тој начин сигурно ќе измамите насмевка на лицето на угостителскиот објект.

5. Не ми се допаѓаше

Доколку сакате да го искритикувате оброкот, сигурно голем дел од храната ќе оставите во чинијата. Оваа порака јасно ќе ја пренесете доколку ножот го протнете низ виљушката и ги оставите на чинијата под агол од 45 степени.

Коментари

Популарно