Како да ги намалиме брчките околу очите?

Брчките околу очите се нешто со коешто секоја жена би сакала да се избори, ако може и со магично стапче. Ви нудиме неколку ефикасни варијанти кои имаат приближно ист ефект.

Маска со маслиново масло

За секојдневно апликација е погодна маска од 50 мл. маслиново масло и 10 мл. витамин Е. Нанесете ја смесата со лесни поттапка движења на проблематичните делови и почекајте 5 минути, а потоа размачканите остатоци отстранете ги со салфетка.

Хранлива маска со леб

Најлесна е маската од пченичен леб и млеко. За подготовка ви е потребно да ја изроните меката средина од лебот и да потопите со однапред топло млеко. Нанесете од лебот околу очната зона и по 15 минути измијте со топла вода.

Маска со мед

Добра опција е и маската против брчки со мед. За неа ви се потребни 1 супена лажица мед, 1 супена лажица пченично брашно и 1 жолчка. Нанесете ја смесата на проблематичните делови и почекајте додека се исуши, потоа измијте со вода. Наместо пченично брашно може да користите и овес. Тогаш маската треба да се остави подолго време – околу половина час.

Мед со сиров компир

Друга опција за отстранување на брчките околу очите е маската од ситно рендан свеж компир измешан со павлака. Нанесете ја смесата под очите со тапкање и оставете ја да отстои околу 15 минути. На крајот исплакнете го лицето со млака вода.

Коментари

Популарно