(ВИДЕО) Шокантна исповед на Дино Мерлин: Oвие детали сигурно не сте ги знаеле!

Дино Мерлин одлучи пред јавноста да открие детали од својот живот кој никој не ги знаел. Пејачот откри за почетокот на својата кариера, пред војната во Босна до концертите во некогашната Југославија.

Во документарниот филм на Дино Мерлин кој трае 58 минути е прикажен почетокот на кариерата на пејачот, кога се доселил во Сараево и работел тешки физички работи за да заработи пари за нови песни.

Тој исто така откри што правел како член на уметничката чета за време на војната во Босна, како ја напишал песната Једна си једина која била химна на Босна и Херцеговина.

Дино едвај ги воздража солзите кога се потсети на својот прв концерт во Сараево, а многу коментари доби за неговото гостување во Белград, за кое пејачот вели дека сакал да ги види старите пријатели.

На крајот Дино се запраша дали бил среќен пред 30 години кога патувал и одржувал концерти или ќе биде среќен следните 30 години кога го чекаат старост, смрт и болест.

Погледнете го документарецот за Дино.

Коментари

Популарно