Тринаесетгодишно девојче чека да се породи на Клиниката за гинекологија во Србија

Додека нејзините другарчиња играат криенка на улица, девојче од Србија треба наскоро да се породи. Тринаесетгодишно детенце од Белград чека да се породи на Клиниката за Гинекологија, а овој настан ги вознемири не само жителите на Србија, туку и на цел регион, со оглед на тоа дека се работи само за дете.

Како што пренесуваат српските медиуми, девојчето чиј идентитет не се открива, било примено во саботата на Клиниката за гинекологија во Белград, и моментално е во 38 недела од бременоста. За две недели детето би требало да се породи и да донесе друго дете на свет.

Извор за српскиот Курир вели дека таткото на детето има 15 години.

Ваква бременост носи голем ризик и за мајката и за детето.

Коментари

Популарно