ФОТО: Дали започнаа првите чекори за подготвување на Битола за мигранти?

На битолскиот плоштад „Магнолија“ беа поставени билборди кои со својата порака ги изненадија битолчани.

Проектот е на претставништвото на УНХЦР, Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации во Скопје, а го спроведуваат Центарот за човекови права и разрешување конфликти во соработка со Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД од Скопје.

Проектот има за цел подигнување на свеста на јавноста за бегалците, нивните права и потреби. Инсталацијата во јавен простор која се состои од неколку различни елементи поставени на плоштадот „Магнолија“ во Битола, ќе биде изложена три дена преку билборди на кои пишува „Солидарност на дело“ и „Колку боли разрушен дом“.

Во август оваа година, советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, Благој Шаклевски на Фејсбук напиша дека советниците од СДСМ одбиле да дискутираат неприфаќање на Нацрт-Стратегијата и Акцискиот План за бегалци и странци 2017-2027 од Советот на Општина Битола, а после тоа ја напуштиле и седницата.

На сето ова министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека ниту ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив, која во Битола ненајавено учествуваше како гостин на седница на Советот на општината. Таа тогаш ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека шири ксенофобија и лажни вести.

На истата седница на која присуствуваше и Царовска, советниците на СДСМ во општина Битола гласаа  против референдум во нивната општина. 

Засега останува нејасно, каква е потребата од ваков проект во Битола, ако централната и локалната власт не планираат мигранти во градот на конзулите.

Коментари

Популарно