(ФОТО) Девојката која ја нарекуваа „врколак“ за првпат се избричи и покажа како изгледа

Суматра Сусуфан е девојка од Тајланд која стана позната како „највлакнеста во светот “ па дури влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Таа боледува од ретко нарушување кое погодува само 50 луѓе во целиот свет, поради што почнала да и расте густа брада по целото лице.

Иако поради нарушувањето прво ја исмејувале, откако стана популарна животот и се смени на подобро.

-Не сакам да се бричам. Ова ме прави посебна, рече Суматра откако стана славна.

Сепак одлучи да ги отстрани влакната и ја објави сликата од своето вистинско лице, позирајќи со сопругот

Таа напиша дека тој е љубовта на нејзиниот живот.

Коментари

Популарно