Сестрата на „специјалната“ Јанева од фризерка до директорка

Лилјана Делиџакова, сестрата на Катица Јанева и кандидатка за заменик директорка на Комисијата за хартии од вредност, минатата година од Агенцијата за вработување добила пари од програмата за самовработување за – фризерски салон.

На списокот на селектирани кандидати за самовработување Делиџакова е прва од избраните кандидати од Гевгелија.

Името на Делиџакова од 2 мај е на писмото кое Владата го испрати до Собранието во кое се предлага сестрата на специјалната обвинителка Јанева да биде избрана за заменик претседателка во Комисијата за хартии од вредност. Владата предлага првиот и вториот човек на комисијата (Нора Алити и Делиџакова) да бидат професионално ангажирани.

Писмото не е пропратено со биографии на кандидатите.

Делиџакова е од Гевгелија и поранешна вработена во царината.

Од Владата на Р.Македонија со кусо соопштение за Фокус велат:

- Владата на РМ во изборот на предлог за имиња на членови на Комисијата за хартии од вредност, се водеше по принципот кој од кандидатите има соодветно професинално искуство.

Коментари

Популарно