Познатиот модел се поднови со супер викендичка

СКатарина Ивановска од скоро има планинска куќа на Маврово. Таа на својот инстаграм-профил објави неколку слики од новата семејна викендичка. Куќата на два ката е комбинација од модерен и рустичен стил. Има големи прозорци, обложена е со камена фасада, а во ентериерот доминира дрвото. „Доме сладок доме. Нашиот нов дом“, напиша Катарина на сликите.

Нејзините пријатели ја бендисаа куќата и ѝ порачаа дека се заљубиле во нејзината планинска викендичка.„Идилична е, како куќа од бајките. Стварно е совршена“, стои во коментарите.

Катарина многу често патува надвор од Скопје со семејството. Таа  пред неколку години во интервју рече дека кога сака да избега од градската врева најубаво се опушта на планина

Коментари

Популарно