Видео: Оваа серија за миг се „искачи “ на врвот

Новата ТВ серија “Чернобил” многу брзо после премиерата стана најгледаната ТВ содржина според податоците на IMDB: За кратко време  серијата ги надмина  долгогодишните омилени серии во јавноста како што се “Game of Thrones” и “Breaking Bad”. Черобил  во моментов има  оцена  9.7

Серијата е дело на продукциската куќа “Sky Original” и е во пет делови. Приказната претставува драматизација на нуклеарната катастрофа oд 1986 година во нуклеарната централа Чернобил во Украина и последиците од истата.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Џеред Харис, Стелан Скарсгард, Емили Вотсон и Џеси Бикли. Досега истата доби 5 ѕвездички, а првата епизода за многу кратко време ја погледнале 2 милиони луѓе.

Коментари

Популарно