Во денешно време, кога секоро секој знае да поправи физички несовршености во Фотошоп или некако поинаку, луѓето остануваат запрепастени кога ќе видат неретуширано женско тело.
32-годишната Кејти Лолас се налутила на непримерните прашања на нејзините следбеници на Инстаграм за тоа дали е бремена. Таа, имено, својот стомак не го вовлекла и не го израмнила на Фотошоп, туку позирала од профил и ја открила благо заоблената фигура.
Оваа инфлуенсерки им ги отворила очите на сите заслепени луѓе одговарајќи дека не е бремена, туку има „совршено здрав стомак“. Учителката од Австралија, која со своите 160.000 следбеници редовно споделува објави за здравствениот живот и фитнесот, неодамна објави серија фотографии на кои носи краток топ и спортски хеланки.
„Знам дека повеќето луѓе имаат добри намери, но тоа е сосема неприкладно. Истакнувањето на она што ви изгледа како труднички стомак не е кул, туку е прилично безобразно“, додала таа.
Кејти, која пати од синдром на нервозни црева, ја кажала вистината за својот испакнат стомак.