Лејди Гага се венчала во тајност со Мајкл Полански?!

Славната американска пејачка Лејди Гага (33) наводно се венчала во тајност со Мајкл Полански по само две недели заедничка врска. Ова го вели извор близок до пејачката кој рекол дека церемонијата била боженствена. 

Мајкл наводно ѝ подарил прстен на пејачката, а само неколку часа подоцна тие двајца го изговориле судбоносното „да“ на скапоцена јахта. Гага за кратко време ја маѓепсал, сега веќе нејзиниот сопруг. Извор близок до парот открил и дека тие се подготвени за проширување на семејството.

Инаку, Полански е поранешен инвеститор, моментално работи како извршен директор на фабриката „Parker Group“, а дипломирал на Харвард.

Леди Гага пред Мајкл беше свршена со агентот Кристијан Карино, а кога се разделија се зборуваше дека причината за прекинот на врската е актерот Бредли Купер со кој пејачката го сними филмот „Ѕвездата е родена“.

Коментари

Популарно