Дневен хороскоп

Овен

Нагласената астролошка куќа на работа низ која транзитира Месечината, симбол на емоции, расположение и трговија, ја поттикнува вашата амбиција, но и потребата од претерување во трошењето пари. Партнерот ви дава до знаење дека ја имате неговата поддршка. Ќе имате проблеми со алергијата.

Бик

Месечината поминува преку моќните Јупитер и Уран во вашиот знак, што може да ви донесе успех и пари преку соработка со странци. Љубовните партнери на жените родени во знакот Бик ја очекуваат нивната поддршка.

Близнаци

Месечината во 12-та астролошка куќа ја нагласува вашата интуиција, но вашиот спојот на вашиот владетел, ретроградниот Меркур и Сонцето, ве прави склони кон погрешни заклучоци. Парите пристигнуваат преку споредна работа. Саканата личност е љубоморна на вашата популарност.

Рак

Нагласениот знак на Бикот, во кој денеска е и вашиот владетел Месечината, ви носи зголемување на приходите преку соработка со странци и работи кои вклучуваат почесто патување. На емотивниот партнер на жените родени во знакот на Рак му е потребно повеќе разбирање и поддршка. Ќе страдате од несоница.

Лав

Аспектот помеѓу вашиот владетел Сонцето и ретроградниот Меркур, планетата на комуникацијата, ве предупредува да избегнувате расправии на работното место. Нагласеното астрлошко поле на кариера, ви носи професионална и финансиска сатисфакција. Рекреирајте се.

Девица

Со нагласена астролошка куќа на контакти со странци, ви се дава можност полесно да ги реализирате градежните и работите со недвижностите. Аспектите на вашиот владетел Меркур ви носат приход преку хонорарни аранжмани. Ќе имате романса со Бик.

Вага

Марс и Сатурн во астролошкото поле на работа прават хармонични аспекти со Месечината, што за вас значи многу обврски, но и зголемување на приходите. Аспектот помеѓу вашиот владетел Венера и Месечината, кој управува со вашата кариера, ви носи поддршка од жените.

Скорпија

Нагласената седма астролошка куќа одговара на Скорпиите кои се занимаваат со работа преку која се присутни во јавноста, адвокатура, дипломатија. Позицијата на Венера, владетел на партнерските односи, ви носи страсна средба со некој роден во знакот Бик.

Стрелец

Месечината транзитира со вашиот владетел Јупитер и Уран, планетата на просперитетот и контактите со странците, што ви носи неочекувани извори на приход. Некој сака да ја премине линијата на пријателство со вас. Брачниот партнер е склон кон погрешни заклучоци.

Јарец

Вашиот владетел Сатурн формира секстил со Месечината во астролошката куќа на љубовта и креативноста, што им носи успех на уметниците и спортистите. Личноста која сте ја запознале на интернет сака да се сретне со вас, но вие сте во дилема.

Водилија

Аспектот помеѓу вашиот владетел Уран и Месечината ја нагласува вашата интуиција и носи одлични идеи. Нагласеното астролошко поле на деловно работење, најавува зголемување на приходите, доколку се занимавате со самостојна дејност. Средба со Лав на патување или на предавање.

Риби

Транзитот на Месечината над Јупитер и Уран ја подобрува вашата интуиција, а аспектите со Марс и Сатурн во вашиот знак ви носат пари. Брачниот или долгогодишниот партнер очекува да ги поддржите неговите идеи за нешто што му е важно.

Коментари

Популарно