Иванов: Земам залет зашто знам каде одиме

Силата на Македонија, е во нејзината отвореност и поврзаност. Ќе продолжам со политиката на глобално, европско и регионално ниво. На блокадите од нашиот јужен сосед, посочи Иванов, ќе одговориме со отвореноста и подготвеноста за дијалог. Говорејќи за евроинтегративниот процес на земјата и попреченоста од јужниот сосед потенцира дека нема да прифати каква било промена на Уставот и уставното име.

ivanov-slikatdzjt7dzuj76jtr

Европа во Македонија - Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат работни места, и Македонија со благосостојба како дом за сите се начелата на програмата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов со која ќе бара доверба за уште еден мандат. Силата на Македонија, како што рече, е во нејзината отвореност и поврзаност. Ќе продолжам со политиката на глобално, европско и регионално ниво. На блокадите од нашиот јужен сосед, посочи, ќе одговориме со отвореноста и подготвеноста за дијалог, пренесува Вечер.

Тој потенцираше дека приоритет во наредните 5 години за него ќе биде економијата и создавањето на нови работни места. Државното единство, посебноста на македонската нација, културата на почитување на законите, привлекувањето странски инвестиции, доследната примена на Охридскиот рамковен договор, се само дел од столбовите на политиката на Иванов.

-Програмата која ја најавувам и со која повторно ќе барам доверба за да го продолжам она што го започнав во првиот мандат, најавувам програма на континуитет и доследност во ставовите на државните интереси, со нова енергија и перспективи за Македонија. Се раководам од интересите на Македонија и интересите на граѓаните, еднакво како и во програмата во 2009, Македонија да биде држава отворена кон сите, како татковина која лојално и посветено ја градиме како дом за сите нас. Владата гради патишта кои ги поврзуваат селата и градовите, но и со земјите во регионот. Се трудам физичкото поврзување на Македонија со регионот да го надградам со поврзување со луѓе и држави преку економска и политичка поврзаност. Тоа се коридори на државите кои градат заедничка иднина. Во светот ја претставувам вистината за Македонија и создавам нови пријателства, додаде претседателот Иванов.

Знаеме каде одиме, знаеме што сакаме. Денес, кога се наоѓам меѓу два мандата, јас не земам здив, туку земам залет, рече пред присутните актуелниот претседател Иванов на вчерашната презентација на неговата програма, каде говореше за неговата работа изминативе пет години.

-Посветено работев, имав преку 200 билатерални средби со шефови и државници, 150 средби со премиери, претседатели и шефови на дипломатија, 100 средби со високи претставници и верски лидери, 100 официјални работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. Бев домаќин на над 40 официјални работни посети на шефови на држави во Република Македонија. Ги промовирав постигнувањата на Македонија, стекнував нови и го продлабочував традиционалното пријателство. Во кабинет примив над 5.000 граѓани и ги слушав и разговарав со нив. За нивните проблеми дознавав лично од нив. Се трудев да помогнам во рамки на надлежностите, истакна Иванов.

Говорејќи за евроинтегративниот процес на земјата и попреченоста од јужниот сосед потенцира дека нема да прифати каква било промена на Уставот и уставното име.

-Како претседател нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам никакви идеи или предлози што би ги загрозиле посебноста на македонската култура, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонскиот модел на соживот. Нема да допуштам Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени, потенцираше Иванов.

Македонските граѓани, посочи, имаат право да одлучуваат за клучните национални прашања и оти нема да дозволи решенија за спорот без претходно да се изјаснат граѓаните на референдум.

Повеќе на Вечер

Коментари

Популарно