Што е микроневерство и колку е опасно?

Неверство има насекаде: истражувањата покажале дека околу 23% од мажите и 12% од жените имале секс со друга личност додека биле/се во брак. Меѓутоа, за разлика од вонбрачната сексуална афера што е лесно да се дефинира, општиот концепт на неверството има малку позамаглени линии и нијанси.

Што е микроневерство?

Микроневерство е „сет од однесувања што се движи околу тенката граница на верноста и изневерувањето“, вели Линдзи Хоскинс, брачен терапевт од Мериленд. Таа сепак додава дека е многу тешко да се дефинира микроневерството бидејќи границата се поставува на различни места за различни луѓе и во различни врски.

Баш сѐ, од разгледување на Tinder за забава до флерт со симпатичен странец, може да се смета за микроневерство, во зависност од вредностите на поединецот и неговите приоритети во врската.

Хоскинс вели дека најчестите „излети“ се често допишување или комуникација на социјалните мрежи со личност за која чувствувате привлечност, редовна комуникација со поранешен партнер или претерана блискост со колега/колешка од работа.

Дали микроневерството е проблем?

Во суштина, однесувањата што се припишуваат на микроневерство не би требало да бидат причина за голема загриженост, но кога ќе почнат да ја преминуваат границата, емотивна или физичка, тогаш се јавува проблемот. На крајот на краиштата, луѓето се програмирани да бараат потенцијални партнери за парење, вели Џејсон Дибл, професот по комуникологија на колеџот Хоуп.

„Тешко ми е да осудам некого ако забележува привлечни единки“, вели тој. „Тоа е човечката природа.“

Во многу ситуации, вели Дибл, флертувањето со друга личност додека сте во врска е безопасно и повеќе се однесува на брзо кревање на егото или добивање на доза допамин, отколку вистинска заинтересираност за таа личност.

„Истражувањата покажале дека дури и кога луѓето имаат секс со партнерите, замислуваат или фантазираат за друга личност“, додава Дибл.

„Тоа може да биде здраво, бидејќи ве придвижува, ве прави сексуално потентни, го одржува пламенот и може таа енергија да ја насочите кон партнерот.“

Неговото истражување покажува дека луѓето во врска кои одржуваат комуникација со „златни резерви“, односно потенцијални сексуални или емотивни партнери, можеби и не ја загрозуваат врската со таквото однесување.

Во неговото истражување тој не забележал значително намалување на вложеноста или посветеноста во врската кај луѓе кои се во романтична врска со една личност, а комуницираат со „златна резерва“.

Меѓутоа, лесно може да се падене во замката на микроневерството и сѐ да тргне стрмоглаво надолу како лавина. Она што можеби почнало како наивна порака или пријателство на работно место, може да се трансформира во непшто повеќе, намерно или не.

Ако таа интеракција почне да одзема повеќе време, емотивна или ментална енергија, отколку вашата примарна врска со партнерот, тоа е знак дека можеби е нешто посериозно отколку што си мислите.

Што потоа?

Секако, треба да помислите и на другата страна. Одржувањето на ваков тип на контакти можеби не ја разнишува вашата посветеност на врската, но секако може да направи вашиот партнер да се чувствува непријатно.

Хоскинс вели дека е важно да се разграничат нештата.

„Можеби вие се чувствувате поинаку во врска со таа личност, но тоа претставува проблем за вашата врска и е проблем за вашиот партнер. Кога сте се согласиле да бидете во моногамна врска, сте се согласиле да имате осет и свесност за работите што му пречат на вашиот партнер и да обрнувате внимание на тоа.“

Проактивната комуникација е многу важна во вакви случаи, вели Хоскинс. Идеално би било партнерите да дискутираат за границите во врската уште на самиот почеток, или пред да станат проблем, што би спречило појава на расправии и презир отпосле. Сепак, редовните разговори за тоа што е во ред, а што не, односно што е прифатливо и не е прифатливо, се добредојдени во секое време.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Зошто љубовта секогаш доаѓа кога најмалку очекуваме?

Сите сме поминале низ тешки периоди кога ни недостасувала љубов и сме се чувствувале осамени. И после сите тие фази секогаш следи период во кој се чувствуваме дека се е можно во нашиот љубовен живот.

Дали сте забележале како одеднаш сѐ се менува и добиваме покани за излегување секогаш кога изгледа дека сме среќни со нашиот самечки живот? Зошто секогаш запознаваме некого баш во моментот кога се откажуваме од барање?

Независноста е привлечна

Независноста не значи да сакаш нешто што не можеш да го имаш. Независноста значи да ти биде удобно во своја кожа.

Очајот не е привлечен

Кога премногу се трудиме и постојано не успеваме – тоа нѐ исцрпува. Се чувствуваме одбиено и несакано. И тоа ќе се одрази на нашиот изглед. На нашето лице, на нашето тело и на говорот на нашето тело. Тешко е луѓето да го видат најдоброто во нас, кога ова е единствената страна која ја гледаат. А луѓето можат да намирисаат очај од голема далечина. Затоа, не се трудете толку многу.

Премогу размислуваме

Понекогаш, кога мислиме на нашите проблеми, можеме да ги поправиме. Но, кога станува збор за љубовта, ова може да е контра-продуктивно. Ја бараме секоја можна маана, затоа што не сакаме да си го губиме времето. И на крај ги преувеличуваме и најмалите проблеми, а тоа нѐ спречува подобро да ја запознаеме другата страна.

Кога престануваме толку силно да бараме некој друг, се запознаваме подобро себеси

Запознавањето на работите кои ги сакаме нѐ прави среќни. Ние ги следиме нашите сопствени интереси и активности, затоа што ги сакаме. И тоа нѐ прави задоволсни. И среќата која тоа ја носи со себе е заразна, го брише очајот и прави да престанете толку многу да анализирате.

Кога се фокусираме на нашите страсти, запознаваме луѓе кои ни се слични и така се зголемуваат шансите да запознаеме некого

Многу често се поврзуваме со некого токму затоа што имаме заеднички работи. Па затоа, кога правиме нешто што сакаме, ние сме на правото место за запознавање на прави луѓе. Секако дека не ги правиме тие работи за да запознаеме некого, но сепак поголеми се шансите да се случи тоа без да го бараме тоа.

Кога престануваме да се замараме толку, делуваме поопуштени и полесни за комуникација

Тоа е затоа што сме такви. И не, животот не си подигрува со нас, туку едноставно треба повеќе да се фокусираме на нашите животи и интереси. И секогаш се случува тоа кога ќе престанаме да бараме.

Популарно