Сончево време со по некој облак

Денеска е петок, 12 октомври 2018 година, 285-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 80 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 17 часот и 59 минути.

Денов трае 11 часа и 18 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот, а ќе зајде во 20 часот и 18 минути.

Временска прогноза

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до шест степени, а дневната до 25 степени. 

Конечно без дожд, но погледнете што ни доаѓа!

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 25 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а во петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.

И денеска невреме, од утре...

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 23 до 34 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.

Славчо Попоски: По невремето КОНЕЧНО ни претстојуваат ПРЕКРАСНИ летни денови

Уште утре во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Веќе од четврток па на натаму кончено ќе бидеме под влијание на значително постабилна воздушна маса па така и тоа како ќе можеме да уживаме во прекрасното време. Времето ќе биде сончево повремено со мала до умерена локална облачност но ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој ќе услови незначителен пад на температурите на воздухот, особено на оние наутро кога понекаде истите има услови да се спуштат и под 10 степени и тоа особено на повисоките и на планинските места, максималните дневни пак на повеќе места ќе се искачуваат до околу 30 степени а во најтоплите региони односно во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат и дооколу 35 степени.

Да напоменеме дека температурите на воздухот во следните неколку денови ќе бидат малку под просекот за овој дел од годината додека пак позначителен пораст на истите и пеколни температури барем засега се очекуваат на самиот почеток од месец јули.

Подготви: Славчо Попоски

Популарно