ФОТО: Познатата пејачка сега е русокоса

Познатата светска пејачка Камила Кабело е црнка откако се појави на сцената, а сега преку ноќ направи голема промена и со новата фризура и боја го смени буквално личниот опис.

На Инстаграм објави фотки со руса коса.

Погледнете ја: 

Еве како Новак Ѓоковиќ ги воспитува своите деца

Новак Ѓоковиќ е светски тениски шампион, но и покрај тоа што на сметката има милиони и исто толку обожаватели, тој отсекогаш бил прилично расположен и традиционален и таков е и со неговото воспитување кон двете деца – Тара и Стефан, кои ги има со сопругата Јелена Ѓоковиќ.

Новак често зборува за родителство, но еден дета детаљ се појави токму сега.

Поточно, Новак смета дека сè треба да биде умерено, па таблетите игри и телевизијата во неговиот дом се реткост и им се забранети на наследниците.

Бекам во Кина ќе отвора хотелски комплекс

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам соопшти дека ќе отвори хотелски комплекс, во автономната област Макао во Кина позната како „Источниот Лас Вегас”.

Комплексот на своето мени ќе има понуди од британската кујна, за што задолжен пријателот на Бекам, шеф Гордон Рамзи. На средината ќе има и мала реплика на „Биг Бен“, а надворешноста на хотелот е инспирирана од Вестминстерската палата и Долниот дом на парламентот.

– Лондон е мојот роден град, така што би сакал да пренесам некои нешта што ги сакам оттаму во Макао – тоа чувство за енергија, хуморот, односот кон храната, мебелот и уметнички дела. Тоа чувство е прекрасно, објави на Фејсбук некогашната фудбалска ѕвезда.

Бекам хотелот ќе го отвори следната година. Комплексот ќе има и бутик на два ката, како и трговски центар со 200 продавници за британски брендови.

ФОТО: Сите мислеа дека актерката ќе пропадне - денес изгледа како божица

Холивудската актерка Ума Турман глуми од 16. години. Високата и бунтовна блондинка, најмногу ја паметиме по улогите во филмовите на Квентин Тарантино, кому со години му беше муза.

Родена е во Бостон, во семејство на интелектуалци. Мајка ѝ Нена била модел, а татко ѝ Роберт универзитетски професор и еден од најпознатите аналитичари на будизмот во САД. Ума, чие име потекнува од будистичката митологија, како и имињата на нејзините тројца браќа и полусестри, пораснала во либерално и помалку ексцентрично опкружување, во дом во кој често гостин бил и Далај Лама.

Кога имала 15 години се преселила во Њујорк поради училиштето, глумата и работата како модел - висината, виткоста и несекојдневната убавина ѝ донеле ангажмани во моделингот. Наскоро започнала и да глуми.

Разводот од актерот Итан Хок, за кој се омажила во 1998 година и со него добила две деца, ќерка и син, се случил поради неговата афера со дадилката Рајан Шоухјуџ, со која Итан подоцна се оженил.

Освен бракот со Итан, зад неа е и краткиот брак со Гери Олдман од 1990 до 1992 година, До 2014 година била со францускиот претприемач Арпад Бусон, со кој ја добила ќерката Луна, родена во 2012 година. Со Бусон во 2017 година водела жестока судска битка околу старателството над ќерката и ја добила.

Популарно