Летни температури се до крајот на месецов

Под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса според најновите анализи се до крајот на овој месец ќе се заджат летните температури на воздухот што значи осетно заладување нема на видик.

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, за време на викендот пак и тоа особено во сабота и тоа во северната половина од државава ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури оваа недела ќе се искачуваат во интервалот претежно од 32 до 38 степени.

НАПОМЕНА: Сушата која оваа недела ќе ја зафати државава МНОГУ ЛОШО ќе влијае особено врз земјоделието па затоа на земјоделците ги советуваме задолжително да ги наводнуваат своите земјоделски култури и тоа претежно во раните вечерни часови. Исто така поради сушното време големи се шансите и за нови шумски пожари па така на граѓаните ги СОВЕТУВАМЕ да избегнуваат палење на оган во природа.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.. Утринската температура ќе се движи од 3 до 13, а  дневната од 22 до 30 степени

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

ПОПОСКИ: Силно летно сонце и високи температури и следната недела – ОПАСНОСТ ОД ВИРУСИ

Неделата што измина помина во знакот на сончева и невообичаено топла каде во најтоплите региони од државава температурите на воздухот се искачија и до 31 степен. Ова е невообичаено топло време за овој дел од годината и истото ќе се задржи уште подолг период.

Нашатата територија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и многу топла воздушна маса од југ која условува невообичаено високи дневни температури на воздухот кој во најтоплите региони од државава се искачуваат и до 30 степени а УВ ИНДЕКСОТ има малку до умерена вредност и изнесува 4. Инаку максималните дневни температури речиси насекаде се искачуваат и над 20 степени.

Ваквата состојба лошо ќе се одрази кај граѓаните каде поради релативно ниските температури наутро и многу високите преку ден ќе растат условите и за појава на вируси кој се честа појава во овој дел од годината па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

За подетални информации следетете го ифицујалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Сончево и топло со ветер од јужен правец

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.. Утринската температура ќе се движи од 4 до 14, а  дневната од 21 до 29 степени

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Популарно