Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а  дневната од 18 до 27 степени. Во Скопје yтринската температура ќе се спушти до 7, а дневната максимална ќе биде до 25 степени.

Сончево со слаб источен ветер

Во текот на денешниот ден не очекува Сончево со слаб источен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал помеѓу 1 до 8, а  дневната  во интервал  од 21 до 30 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната температура до 27 степени.

Славчо Попоски со детална анализа: Суша и летни температури до 29°C

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и понатаму ќе се задржат многу високите температури на воздухот кај нас и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Времето ќе биде сончево повремено со мала локална облачност а ќе биде и претежно тивко или само на не кои места ќе дува сосема слаб ветер од променлив правец.

Да напоменеме дека овие температури на воздухот се повисоки од нормалните дури за околу десет степени и секако топлото време лошо ќе се одрази врз граѓаните каде постои опасност од појава на вируси.

Понатамошната суша пак и понатаму доста лошо ќе се одразува врз земјоделските култури и посеви.

За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Утрото свежо, а преку денот топло

Времето денеска ќе биде  сончево,утрото свежо, а преку денот топло со слаб претежно североисточен ветер..  Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а  дневната од 22 до 29 степени

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Популарно