К-15 не им следува на сите вработени: Кога го губи работникот правото на регрес?

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила во 2014 година кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари. 

За годинава максималниот износ кој треба да легне на сметките на вработените е најмалку 9.610 денари или максимални 14.090 денари. 

Работодавците имаат обврска до крајот на годинава да исплатат регрес но имајте на ум дека не на сите работници им следуваК15.

Во кои случаи не ве следува годишен регрес?

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Треба да знаете и дека минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 % од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.

Но, имајте на ум дека се работи за 40% од просечната нето плата во Република Македонија, а не просечна плата во вашата компанија. Просечната плата во РМ се менува често, зависно од месецот во кој сакате да го исплатите регресот за годишен одмор треба да проверите во тој месец колку е просечната плата во РМ.

По околу 8.000 денари месечно за уште 1.000 невработени

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Собранието ги изгласа најновите измени и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

Законот стапува на сила со негово објавување во Службен везник, а стечајните работници веќе од петок ќе можат да поднесат барање во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надоместок од околу 8.000 денари.

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширу на уште 1.000 лица со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајќи ќе изнесува 12.000.

Според новото законско решение, невработено лице може да се стекне со правото на паричен надоместок доколку ги исполнува следните услови: да е невработено; работниот однос да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци; на денот на влегување во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж) и работниот однос му престанал во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.

Уште 1.000 стечајци ќе примаат месечен надомест до пензионирање

Собранието денеска на предлог на Министерството за труд и социјална политика ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост. Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари.

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги решиоваа Владата за две и пол години е 12.000. Како за споредба, претходната власт за вкупно 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници.

Со неколкуте измени коишто претходно беа направени на предлог на Министерството за труд и социјална политика како Влада покажавме дека имаме слух за работниците коишто со години беа оставени без никакви приходи и без работа како последица на транзицијата. 

Приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е борбата против сиромаштијата и подобрување на условите за живот на секој поединец во државата. Како Влада којашто работи одговорно продолжуваме да се грижиме и да работиме на подобрување на финансиската состојба на најранливите граѓани.

Ангеловска: Јануарската пензија повисока за 700 денари

Пензискиот столб е одржлив, а со јануарската пензија околу 322 илјади пензионери ќе добијат покачување за седумстотини денари.  Министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“, вели дека вклучително со индексакцијата за зголемување на трошоците за живот пензиите во 2020 ќе пораснат за 900 денари, со што се очекува просечната пензија изнесува 15.500 денари.

-Ова е категорија на население на која треба да се обрне внимание, која тука живеела, придонесувала за оваа земја. Ако 44 проценти од пензионерите или околу 140 илјади земаат пензија до 12 илјади или 12 илјади денари, сметам дека кога имаме економски раст, кога имаме проекција за раст годинава од 3,8%, кога имаме раст на минималната плата, треба да ги адресираме и овие граѓани, вели министерката.

Во однос на одржливоста на  пензискиот фонд, министерката вели дека приходите од придонеси во претходната година бележат раст за 10 проценти. Ова зголемување е и резултат на растот на вработеноста во државава, бидејќи во моментот имаме историски најниска стапка на невработеност, посочи министерката.

-Очекувам да има позитивни ефекти и поради зголемување на минималната плата и секако со сите мерки кои се реализираат ќе се зголемат приходите во пензискиот столб. Во однос на тоа дали е одржлив веќе ги кажав аргументите по однос на кои растат приходите. Во однос на оној непокриен дефицит кој се надополнува од страна на Буџетот – ако во 2018 изнесувал 16,5 милијарди денари, сега тој е 16,3 милијарди денари, што значи дека се работи на стабилизација. Стабилноста на пензискиот фонд е клучно за нашата економија, за нашата земја, бидејќи имаме популација која старее, вели министерката.

Популарно