ФОТО: Погледнете која е актерката Емра Куртишова која со својата улога за миг ја освои публиката

Во третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, се појави помошничката Исаура која стана голема љубов на рецепционерот Талат, но за брзо време таа си замина од пансионот со својот Лоренцо.

Во четвртата и најнова сезона на „Преспав“, Исаура повторно се врати, но овој пат по желба на Талат (кој стана менаџер) и остана подолго, но приказната се повтори и таа пак си замина со Лоренцо.

Имаше доста комични сцени кога е во прашање Исаура, особено онаа кога му ја предвидува иднината на брат Миле.

Улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова (34) и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика. Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат.

Улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова (34) и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика. Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат.

Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца.

Изминатата 2019 година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „Check in: Пред зграда”, додека сега новиот репертоар во ТДМ го започнува со “Цветната улица“.

За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата, игра која скокотка, среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…

ФОТО: Тања Савиќ ја нема веќе црна коса по која е препознатлива

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања. Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

ВИДЕО: Дарко Лазиќ го покажа и другиот свој талент

Српскиот пејач Дарко Лазиќ покажа уште еден талент, покрај тоа што одлично пее. Снимка која ја објавил на Инстаграм воодушевила многу негови следбеници.

Пејачот во октомври 2018 година имаше тешка сообраќајна несреќа, па мораше да паузира со кариерата, но многу брзи ѝ се врати на музиката.

Многумина знаат дека пејачот има талент за пеење, но не и дека одлично свири хармоника, што сега и покажа.

ФОТО: Поранешната сопруга на Кајмакоски доби романтично изненадување пред врата

Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, мисицата и модел Кристина Димитријовска, која се проба и во водите на музиката, доби неверојатно изненадување пред својата врата со кое се пофали на социјалните мрежи.

Моделот не откри дали со подарокот има и посвета и картичка, ниту покажа од кого е изненадувањето, туку само сподели фотографии.

Популарно