Предлог за денешен ручек

Гулаш

СОСТОЈКИ:

800 гр јунешко филе

100 гр остро брашно

80 гр свинска маст

80 гр кисели краставички

млад кромид

80 гр шампињони

80 мл бело вино

200 мл павлака за готвење

200 мл кисела павлака Пекабела

1 лажичка сенф

сол

3 гранчиња свеж магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исечкајте го на ленти со должина од 5 и дебелина од 1 см, посолете, извалкајте во брашно, печете во тава од сите страни и оставете ги на страна.

Во тава додајте сечкан кромид, пропржете го, додајте шампињони исечкани на листови, продолжете со пржење, потоа додајте сенф, измешајте и налијте вода.

Гответе додека виното не испари, па додајте павлака за готвење и сечкани кисели краставички. Вратете го месото, кратко згответе, тргнете од оган и на крај додајте и кисела павлака. Добро измешајте.

Посипете со сечкан магдонос и послужете со варен ориз.

Предлог за денешен ручек

Њоки од компири со кисела зелка и сланина 

-Германска кујна Шуфндуелн се тестенини од компири, кои станале едно од најпопуларните јадења на Јужна Германија и Австрија. Тестенините од компири стануваат сè попопуларни и честопати се сервираат со кисела зелка и месо. Како и со многу работи, овие германски тестенини од компири се најдобри кога се свежо подготвени и се служат веднаш. Но, можете дури и да уживате во овие деликатеси до три дена по нивната подготовка, само чувајте ги во херметички сад во фрижидер. Ако сакате да ги чувате подолго, можете да ги замрзнете до 2 месеци.

Подготвка:  На маслото ја пропржуваме сланинката која е иситнета на мали коцки, да зарумени и да ја пушти својата маснотија. Кога е готова ја тргаме во сад настрана. Во маснотијата ја додаваме ситно сецкан кромид, запржуваме и додаваме сецкана зелка. Пржиме да испари течноста. Тука ги додаваме и коцките сланина, сол, бибер, ловор. Во меѓувреме во зовриена вода со сол ги ставаме њоките да се варат, од 2-4 минути, да испливаат на површината. Ги процедуваме од течноста, Во тава го растопуваме парчето путер и ги пропржуваме њоките. Се заедно соединуваме и сервираме во длабока чинија. Наросуваме бибер и послужуваме 

Предлог за денешен ручек

Печена ципура

Подготовка

Рибата прво ја чистиме и миеме. Ја засекуваме на три места и од двете страни. Ја посолуваме и побиберуваме внатре и од надвор. Во секој засек ставаме по тенко исечено парче лимон и тенко сечено парче лук. Вака ја оставаме рибата да се маринира околу час и половина во фрижидер. На плехот во кој ќе ја печеме рибата ставаме стапчиња за ражничиња на растојание од неколку сантиметри и врз нив дијаганолно редиме други стапчиња. Во празните простори од стапчињата ставаме парчиња кромид, лимон и морков и останатиот лук. Врз стапчињата ги редиме рибите. Секоја риба ја полеваме со маслинов зејтин. Во тавата додаваме и 200 милилитри бело вино и ги ставаме да се печат 40 минути на 180 степени .

Ова е одлично за секое утро

Одлучете вие кога сакате да го пиете овој здрав и вкусен пијалок, во зависност од тоа дали ви е потребна дополнителна енергија или за закрепнување.

Ова смуди е вистинска витаминска бомба и речиси веднаш ќе ја поттикне вашата енергија на повисоко ниво, благодарение на хранливото богатство на состојките од кои е направено.

Потребно е:

3 портокали, половина лажица брусница (свежи или замрзнати), половина банана, 1/4 лажица грчки јогурт, малку екстракт од ванила

Излупете ги бананите и портокалите, исечете ги на помали коцки, и заедно со сите други состојки, ставете ги во блендер. Кога сè ќе се соедини убаво и ќе стане хомогено и течно, истурете во чаша и веднаш испијте. Корисниот ефект ќе се почувствува после половина час.

Популарно