ВИДЕО: Заплака и еден од најголемите ривали на Коби

Не можеше да ги скрие емоциите, по загубата на една од најголемите играчки легенди на НБА лигата, иако во кариерата постојано беа лути ривали.

Тренерот на Клиперс, Док Риверс, заплака во интервјуто за Брајант откако беше објавено дека Мамбата го загуби животот во хеликоптерска несреќа:

Заедно со Коби Брајант (41), во хеликоптерот биле и неговата 13-годишна ќерка Џана и уште 7 други лица. Во несреќата, нeма преживеани.

Детали за клиничката слика на починатиот 31-годишен пациент

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање даде детали за тоа каква била клиничката слика на 31-годишниот пациент кој изутрината починал како последица на вирусот Ковид-19.

-Еден ризик фактор е обезноста која што тој ја имал. Но, клиничката слика која што ја покажал и начинот на влошување на клиничката слика е практично најтешката форма на влошување која што е опишана во литературата. Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден. Веднаш поставен на респираторна машина, меѓутоа, клиничката слика беше со внатрешно крварење и на некој начин распад на белите дробови, појасни Филипче.

ФОТО: Од коронавирус почина актерот од популарната серија на „Нетфликс“

Aктерот Марк Блум, познат по своето театарско работење, филмот „Крокодилот Данди“и серијата на „Нетфликс“ серија „Ти“, почина на 69-годишна возраст од компликации од коронавирус. Сопругата на Блум, Џенет Зариш, го потврди ова за „Фокс њуз“.

„Мојот сопруг почина вчера, 25 март, од компликации предизвикани од коронавирус. Тој почина во болницата во Њујорк-Презбитеријан“, напишала таа во имејлот.

Извршната потпретседателка на САГ-АФТРА, Ребека Дејмон, исто така, ја потврдила оваа вест на Твитер, истакнувајќи дека Блум бил во одборот на таа организација.

„Пишувам со толку длабока тага што нашиот пријател и поранешен член на одборот, Марк Блум, почина од компликации предизвикани од коронавирусот. Марк беше посветен член на Сојузот за филмски актери и член на одборот САГ-АФТРА од 2013 до 2017 година. Тој беше најдобар во спојувањето и застапувањето на членовите. Ние кои имавме доволно среќа да го познаваме, ќе го паметиме како талентиран актер, учител, лојален пријател и прекрасен човек “.

Блум беше ѕвезда на филмовите „Моцарт во џунгла“, „Очајнички барајќи ја Сузан“, „Заблагодари ми подоцна“, „Пресидо“.

Блум го глумеше сопругот на Росана Аркет, покрај поп-кралицата Мадона, во романтичната комедија „Очајнички барајќи ја Сузан“.

ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Почина 14 годишниот Кристијан Минчола, еден од поголемите таленти во академијата

Атлетико Мадрид попладнево соопшти тажни вести, животот го загубил 14 годишниот Кристијан Минчола, еден од поперспективните фудбалери во школата.

Знамето на Атлетико ќе стои на половина копје. Ова ќе биде во чест на сите „колчонероси“ кои починале поради коронавирус, но и во чест на младиот Кристијан Минчола. 14 годишното момче, кое важело за еден од поголемите таленти во школата, починало утрово.

„Чувството на беспомошност кое се создава во вакви ситуации е ужасно. Во последниве неколку денови, ми починаа неколку блиску пријатели, дел од коронавирус, дел од други болести. Тоа што не можам да се простам со нив на начинот на кој заслужуваат, како и во случајот со Кристијан, ми го крши срцето. Кристијан имаше само 14 години. Испраќам бакнеж до неговото семејство и пријателите, и сите кои се дел од семејството наречено Атлетико Мадрид и кои страдаат. Од денеска, нашето знаме ќе биде поставено на половина ккопје во чест на Кристијан и сите „колчонероси“ кои починаа изминативе недели“ – рече генералниот извршен директор Мигел Анхел Хил Марин.

Популарно