Сончево време со мала до умерена облачност

Времето ке биде топло до мала до умерена облачност.Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец,особено во западните делови каде ќе достигнува над 70км/час.Кон крајот на денот ќе наспати наоблачување,во западните делови со врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 4 степени,а дневната температура ќе се движи од 19 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност .Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен ветер.

Сончево време со умерена облачност

Денеска не очекува сончево  време со умерена облачност и потопло. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од осум до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.  Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 17 степени.

Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури. Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови

Денеска не очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен пправец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 3, а дневната од   3 до 13 степени. Во Скопје, , максимална температура до 11 степени . 

Погледнете ја темературата во останатите делови од државата:

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Денеска не очекува претежно облачно  време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени.

Во сабота ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура

Популарно