Маж загина откако со четирицикл падна во река

Скопјанец загинал откако управувајќи со четирицикл паднал во река, информира МВР.

-Вчера во околу 19:40 часот пријавено е дека  на локален пат во село Глуво, скопско, 43-годишниот Г.Ј. од село Глуво, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во Бањанска река, по што бил изваден од случаен минувач, а од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција - соопшти полицијата.

Скопјанец со воздушна пушка повредил шестгодишно дете

Четириесет и четиригодишен скопјанец со воздушна пушка повредил шестгодишно девојче.

Според информациите на МВР, вчера околу 20.30 часот во полиција било пријавено дека во село Белица, Македонски Брод, во куќа сопственост на С.Т., З.К.(44) од Скопје, кој престојувал како гостин, со воздушна пушка на С.Т. испукал една дијабола кон метално буре во дворот, при што повредил шестгодишно девојче од Скопје, кое со нејзината мајка, исто така, престојувала во куќата.

Според пријавеното, З.К. ја земал пушката без согласност и одобрение од С.Т.. Девојчето било пренесено во ЈЗУ-Македонски Брод за укажување лекарска помош.

Тешко повреден маж од Гевгелија

На 21.05.2020 околу 15:00 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот.

Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Почината жена пронајдена во стан во Велес

Почината жена била пронајдена вчера во стан на улица „д-р Христо Татарчев“ во Велес. Како што информира СВР Штип, станува збор за 85-годишната С.З. од Велес.

„Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт, без траги на насилство. По наредба на  јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот“, информираа од СВР Велес.

Популарно