Саше Ивановски – Политико вчера бил приведен од полицијата во Свети Николе бидејќи делел промотивен материјал – објавиПлусинфо. Од МВР ја потврдиле информацијата. Изјавиле дека го привеле Ивановски двапати, во Кратово и во Свети Николе. Тој демантира. Бил приведен само еднаш.

Според МВР, тој вчера во 13 часот и 45 минути во Кратово заедно со сопругата го прекршил изборниот молк.
„Двајцата биле повикани во станица, каде дале изјава. Полицијата најави соодветна пријава за ова дело. Неколку часа подоцна, носителот на листата, во 18.20 часот повторно е приведен, овој пат во Свети Николе. Тој во градскиот парк во градот повторно делел партиски флаери, а полицајците кои интервенирале од него одзеле 9.370 партиски памфлети“ – посочија од МВР.
Ивановски го потврди настанот за Плусинфо, но рекол дека во Кратово не го привеле, туку само го застанале.
- Приведен сум само во Свети Николе, а не и во Кратово. Во Кратово ме застанаа полицајците ми рекоа да престанам да делам флаери, дека е прекршок и јас престанав. Потоа поминував низ Свети Николе и поделив неколку флаери. Полицијата ме забележа, ми ги зема флаерите ме приведоа, ги изброаја и ме пуштија за 1 саат. Беа професионални и немаше никакво малтретирање – изјавил Ивановски.
Ивановски во трката за столче во парламентот на претстојните предвремени парламентарни избори влегува како носител во третата изборна единица на партијата Народно движење за Македонија.