ФОТО: Еве како денеска изгледа автокампот Крани во Преспа

Пред поголем број на гости и јавни личности во Автокампот Крани беше свечено отворен новиот реновиран ресторан ``Капри`` . Исто така беше промовирана и туристичката понуда  на автокампот со кој сега управува туристичкиот бренд „Капри“ од Битола на чело со сопственикот Никола Трпеновски.

krani

На свечеиот чин на означување на почетокот на туристичката сезона во Крани говореа Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски, Сопственикот Никола Трпеновски и Деканот на факултетот за туризам од Охрид Д-р Сашо Коруновски, при што сите ја истакнаа потребата ова место на начинот на кој започна да се ревитализира во иднина да го поврати некогашниот сјај и да послужи како добар пример и успешна приказна за развој на туризмот во Преспа. Господинот Трпеновски меѓудругото најави дека  ова се почетни инвестиции кои се реализирани во краток рок и дека во иднина ќе следат уште инвестиции кои ќе го вратат сјајот на Автокампот Крани. Оваа сезона реновиран е ресторанот и летната тераса, направени се зафати за оформување на плажа и платформа, вложено е во модернизирање на капацитетот од 300 легла со кој располага Автокампот и дека во иднина следуваат и нови инвестиции.

krani-1

krani-2

krani-3

krani-4

krani-5

krani-6

Коментари

Популарно