Неверојатна видео снимка на која фудбалски судија зема поткуп се појави во јавноста, пред почетокот не еден натпревар во првенството на Еквадор.
Спорниот момент беше уловен од телевизиските камери кои директно го пренесуваа натпреварот меѓу тимовите на еквадорската Серија А, ЛДУ Лоха и Манта. Домаќините на крајот славеа со 2:0, а головите ги дадоа Учуари во 16. и Каранда во 68. минута. На видеоснимката, која потврдува дека фудбалот не е чист, судијата брои многу пари.