50 годишен кумановец пукал со пиштол во прозорец на соба во која се наоѓал неговиот син, за среќа не го повредил.
Инцидентот се случил синоќа околу 20.30 часот, кога З.А.(50) во дворот на семејна куќа во Куманово, пукал со пиштол кон прозорецот на собата во која седел син му Д.А.(25). Тој испукал два куршуми, но не го погодил момчето. За пукањето била известена полицијата, која извршила увид и на лице место се пронајдени две чаури и еден проектил.
Таткото е приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.