Васил Шишков најверојатно починал од срцев удар, пишува Press24 повикувајќи се на неофицијални извори.
![Siskov a](https://zase.mk/wp-content/uploads/2014/12/Siskov-a.jpg)
Срцето на легендарниот македонски актер не издржало. Според информации кои ги добивме од негови пријатели тој починал денеска околу 18 часот. Актерската заедница во земјава е во шок. Сите со голема тага и неверување ја примија веста дека Шишков веќе не е меѓу живите.
Шишков (44) беше син на познатиот македонски актер и легенда Ристо Шишков.
Тој глумеше ролји во серијалот Македонски народни приказни, и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.