Не постои човек кој не ги обожува чоколадните производи од брендот на “Милка“ но дали некогаш сте се запрашале како е добиено името на компанијата и производите.

Чоколадата "Милка" своето име го добила по големата музичка ѕвезда - Милка Трнина. Таа владеела со оперската сцена во Европа и Северна Америка кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Иако обично се тврди дека името на овој сладок производ е добиено со спојување на два збора - англиските зборови за млеко и какао, постои легенда која вели нешто друго.

Имено, богатиот Швајцарец Карл Рус Сучард, зетот на Филип Сучард, кој ја основал компанијата во која во 1901-та година започнало производството на "Милка" - бил воодушевен од изведбата на Милка на Ричард Вангер, кого го обожувал, па го натерал Филип чоколадото да го нарече по оперската дива. Милка Трнина била родена во околината на Инанич-Град на 19-ти декември. Таа е најголемата хрватска операска пејачка во целата историја на операта.