Ѓорѓиевски: По изборите политиката мора да престане, време е за работа, мојата рака останува подадена кон сите

Мојата рака останува подадена кон сите, кон секој граѓанин, активист и секој мој противкандидат. По изборите политиката мора да престане, време е за работа. Ве повикувам сите да се обединиме околу Скопје, бидејќи овој град е нашиот единствен дом, порача денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, што ќе се одржат в недела, на 19 октомври.

Ѓорѓиевски ја нагласи својата визија за Скопје како град без поделби, нагласувајќи дека во текот на кампањата го посетиле секое маало и разговарале со илјадници граѓани. 

„Изминативе недели поминавме низ секое скопско маало, разговаравме со илјадници луѓе, влеговме во секој дом, ги слушнавме и маката и надежта, и заедно ја споделивме нашата визија за иднината. Денеска не сум тука да држам политички говори, туку да ви се заблагодарам од срце. Ви благодарам за секоја подадена рака, за секој совет, критика и најмногу за огромната надеж што ја почувствував во вашите очи, надеж дека Скопје конечно може и мора да биде подобро“, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека наместо со празни ветувања, кампањата ја воделе искрено и со дела, посочувајќи на резултатите во Општина Кисела Вода како доказ за одговорно раководење. 

„Она што го направивме во Кисела Вода не се само бројки, тоа е нашиот доказ дека зборот го претвораме во дело. Тоа е приказната за тоа како една заборавена општина стана пример за работа и тоа е мојата гаранција дека може да се работи чесно и одговорно. Тоа е моделот што ќе го примениме за целото Скопје“, порача кандидатот.

Според него, зад кампањата стои широк тим составен од стручни и посветени луѓе од различни области и заедници.

„Зад мене не стои само мојата политичка партија, туку тим од врвни професори, архитекти, уметници, но и обични чесни луѓе кои го живеат и дишат овој наш град. Тим во кој има Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби и други, тим во кој има луѓе со различни политички и идеолошки убедувања, но со една и единствена љубов – љубовта кон Скопје“, рече тој.

Во своето обраќање, Ѓорѓиевски потенцираше дека „Скопје мора да биде град на сите, град без поделби, каде секој ќе се чувствува како дома, почитуван и вреднуван“.

„Нашиот град е уморен од хаос, од сообраќаен метеж во кој губиме часови од животот, од загаден воздух кој го дишат нашите деца, од преполни контејнери што го грдат секое маало и од урбана анархија што ни го одзема јавниот простор. Време е да воведеме ред, време е да го средуваме нашиот заеднички дом, темелно, плански и системски“, нагласи Ѓорѓиевски.

Најави проекти за решавање на сообраќајниот колапс, завршување и изградба на нови булевари и клучки, како и реформи во јавниот превоз со нови еколошки автобуси и воведување градски воз. Посочи и план за враќање на зеленилото преку четири нови мегапаркови и 50 маалски паркови, како и темелна реформа на јавните претпријатија и урбанизмот со враќање на стручноста и формирање Совет за урбан развој.

„Ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос со завршување на сите заостанати проекти – клучките кај Момин Поток, Љубљанска, АСНОМ, Борис Трајковски, подземната сообраќајница кај Лимак. Ќе изградиме и нови булевари, како „Хрватска“ и „Цветан Димов“. Ќе го решиме и проблемот со паркирањето преку нови катни и монтажни гаражи. Ќе воведеме целосна реформа на јавниот превоз со нови еколошки автобуси и градски воз, во соработка со централната власт. Ќе му го вратиме зеленилото на градот со четири нови мегапаркови – Вардариште, Расадник, Лепенец и кај булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, како и 50 нови маалски паркови. Ќе спроведеме темелна реформа на јавните претпријатија за конечно да станат сервис на граѓаните и ќе воведеме ред во урбанизмот преку враќање на стручноста, избор на градски архитект и формирање Совет за урбан развој“, најави Ѓорѓиевски.

Ова, додаде, не е само борба за инфраструктура, туку како што рече, за иднината на градот.

„Ова не е само борба за поубави улици и почисти паркови. Ова е борба за нашата иднина, за подобро место за живеење на нашите деца. Сакам да создадеме град од кој тие нема да сакаат да си заминат – град кој ќе нуди чист воздух, безбедни игралишта, квалитетно образование и, најважно од сè, надеж и перспектива. Град кој ќе нуди спортски успеси и културна преобразба, град кој ќе биде нивна гордост и нивен сигурен дом“, рече Ѓорѓиевски.

Скопје, вели, нема време за губење, бидејќи „секој изгубен ден во политичко препукување е изгубена можност за Скопје“. – Време е да престанеме со поделбите и да почнеме со работа, затоа што овој град го заслужува најдоброто, нагласи Ѓорѓиевсски.

Прашан како се чувствува на два дена пред првиот круг од локалните избори, тој вели „искрено победнички, верувам и целиот тим така се чувствува. Очекувам силна поддршка од нашиот народ, скопјани се мудри луѓе и знаат да препознаат, но се чувствувам и подготвен за многу работа“. 

На која депонија градоначалниците го фрлаат собраниот отпад прашуваат од КХС

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 350 тони комунален отпад.

  Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности?

Вработување во УНИБанка, ТБМ и АМСМ!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ПРИЕМ НА СТРАНКИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО СЛУЖБА ЗА НЕБАНКАРСКИ ДЕЈНОСТИ

Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА – ТЕТОВО
ПРОДАВАЧ/КА – КАВАДАРЦИ
ПРОДАВАЧ/КА - СКОПЈЕ

Lear Corporation Macedonia компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО КРОЈАЧНИЦА

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции. Како динамичен тим високо ги цениме различностите и новите таленти.

Моментално вработува:

SALES EXECUTIVE

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.

Моментално вработува:

ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. 

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНГАЖИРАНОСТ НА ВРАБОТЕНИ
КОПИРАЈТЕР / СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КРЕИРАЊЕ МЕДИУМСКА СОДРЖИНА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Топло и срдечно добредојде за дечињата Фолклорен Ансамбл Љупчо Сантов - Оризари, Кочани во Црквата св.Кирил и Методиј Дортмунд

Дечињата од играорната група Љупчо Сантов од Оризари во попладневните часови пристигнаа во Дортмунд.

Беа топло пречекани од Црковната управа од Македонската православна Црква од Дортмунд и парохискиот свештеник протојереј ставрофор Душко Пецов(кој инаку потекнува од Кочанскиот крај -Зрновци)

Дечињата заеднички првин имаа заеднички ручек а потоа и влегоа во Црквата каде се запознаа со историјата на Црквата а потоа им беа подарени скромни подароци за спомен.

Во наредните денови тие ќе бидат сместени кај наши дечиња,и ќе имаат настап пред нашите сонародници.

Популарно