Состојки
♦ 5 jајца
♦ 1 помала шолја јогурт
♦ малку сол
♦ 5 лажици брашно
♦ 1/2 лажичка прашок за пециво
Фил
♦ 150 g крем сирење
♦ 100 g кисела павлака
♦ 200 g шунка
♦ 4-5 кисели краставчиња
♦ малку кисела црвена пиперка

Подготовка
Изматете ги јајцата со малку сол, додадете го јогуртот и брашното измешано со прашок за пециво. Смесата истурете ја во претходно подмачкана и покриена со брашно тава за печење и печете дваесетина минути на 220 степени. Испечената кора веднаш извадете ја од тавата на мокра крпа, сролајте ја и оставете добро да се излади.
Откако ќе се излади, одмотајте го ролатот, премачкајте го со измешаните крем сирење и кисела павлака, врз тоа ставете ситко исецкана шунка (можете и да ја редите како тенки листови), распоредете ги ситно сецканите кисели краставчиња и пиперка. Повторно сролајте го ролатот и исечете го на кругчиња.
На здравје!