Во пожар во скопска Кисела Вода загина жена

Утринава околу 6 часот избил пожар во општината Кисела Вода, на улицата Вера Јоциќ во станбена зграда, информира командантот Ѕвонко Томевски.

Пожарот избил во подрумски простории на објектот адаптирани за живеење на едно лице. Пожарот настанал од уред за греење. Лицето кое било во просториите не успеало да излезе и за жал се задушило. Со 4 противпожарни возила и 12 пожарникари, пожарот е локализиран - изјави Томевски.

Коментари

Популарно