(Фото) Преполовен автомобил има и повредени: Тешка сообраќајка на Партизанска

Тешка сообраќајна незгода се случи пред помалку од половина час на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на слаткарницата „Палма“.

Според првичните информации, во несреќата учествувале мотор и патничко моторно возило кое од јачината на ударот е преполовено.

Булеварот е целосно затворен на потегот од „Сити Мол“ до мостот „Обединети нации“ и се одвива по околните улици.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Извор: Skopje1.mk

Грчката амбасадорка демонстративно ја напушти инаугурацијата на Сиљановска Давкова

Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата шефица на државата, Гордана Силјановска Давкова не го употреби уставното име „Северна Македонија“ додека ја даваше свечената заклетва пред државниот врв.

Револтирана што наместо „Северна“ Силјановска Давкова на двапати употреби само „Македонија“. Таа не ја проследи до крај свечената собраниска седница за да го слушне говорот на Силјановска Давкова кој таа го посвети на жените и за кои кажа дека сака да ги инспирира.

Жестока реакција за некористењето на уставното име имаше и пратеникот Арбр Адеми кој на прес-конференција по свечената седница кажа дека претседателката на државата го згазила Уставот.

Маж со автомобил прегази жена во Чаир

На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Упад во Управата за матични книги

Вечерта петок кон сабота засега непознато лице влегло во Управата за матични книги во Прилеп при што одзело документи и оштетило друга документација, а исто така одзел монитори и куќишта до компјутери.

„На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул. Димо Наредникот во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Популарно