Како СДСМ се доближи до ВМРО? Дали само Албанците ја казнија ДПМНЕ?

Во недостиг на официјални информации за освоени мандати со собранието на Македонија, од страна на Државната изборна комисија, денеска се изначитавме и изнаслужавме разни шпекулации и лажни заклучоци.

Денеска се пласираат информации дека СДСМ се доближила до победничката ВМРО бидејќи освоиле многу албански гласови. Тоа е точно, но на овие избори СДСМ освои гласови од контото на ДПМНЕ.

Доколку ВМРО ДПМНЕ освоеше 42.97% од гласовите, како во 2014 година, тоа во гласови со огромната излезност ќе значеше 515.640 гласа или речиси 63.000 гласа повеќе од освоените на вчерашните избори.

Албанските партии од друга страна на изборите во 2014 година освоиле 20.71%, а на вчерашните избори 13.98% или во гласови изгубиле нешто повеќе од 80.000 гласови.

Единствена партија која е во нагорна линија е СДСМ, која во 2014 година освоила 25.34%, а вчера 36.70% или 11.36% повќе. Ова во гласови кога во предвид ќе се земе излезноста, Социјал демократите освоиле 137.000 гласови повеќе од пред 2 години. Што значи дека дури и да ги освоиле сите 80.000 гласови кои ги загубиле партиите на Албанците, недостасуваат уште речиси 60.000 гласови. Овие гласови се токму оние кои им недостасуваат на ВМРО ДПМНЕ.

Доколку Албанците гласаа за албанските партии, разликата меѓу ВМРО и СДСМ ќе беше огромна, но не иста како во 2014 година.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно