ОЛИМПИКО ВО СОЛЗИ - Миленикот Тоти заминува во пензија, навивачите со солзи во очите го испратија својот крал

Фудбалскиот свет очекуваше емоции, но никој не очекуваше навивачите да го исполнат целиот стадион и да останат и два часа по завршувањето на натпреварот да го испратат со солзи во очите својот капитен Франческо Тоти во пензија.

Плачеше Олимпико, плачеше Рим, плачеше Рома, плачеше и Тоти.

Никој не успеа да ги задржи солзите во себе. Замина уште еден идол на една цела генерација на фудбалски фанови. Лојалноста на Тоти ќе остане запаметена во иднина, особено ако се земе предвид дека модерниот фудбал речиси и да не познава фудбалер како Тоти кој целата своја кариера ја посвети на својот еден и единствен клуб и негова голема љубов - Рома.

Коментари

Популарно