Снежана Савиќ открива зошто немала повеќе деца

Српската актерка и пејачка Снежана Савиќ, која својата популарност ја доживеа во култните серии Подобар живот и Среќни луѓе реши да ја открие тајната што одамна сите ги интересираше.

Таа и во 64 година од својот живот изгледа навистина младо и негувано. Таа рече дека тоа се должи на нејзиното време за одмор. Снежана открива дека таа ужива и се чувствува 10 години помлада кога оди на Власина покрај езерото. Тоа е нејзиниот ритуал и тајна. Таа уште еднаш повтори дека никогаш немала правено никаква пластична операција, бидејќи смета дека тие се непотребни.

На прашањето зошто на Анита (нејзината ќерка) не и подаривте уште едно братче или сестра? - Таа одговори: "Да, убаво е да имате деца. Но сепак, јас заминав од нејзиниот татко. Ние се оставивме и не сакав да и оставам траума на мојата ќерка, да има двајца татковци или две мами. Сметав дека доволна и е една траума во животот, а тоа е што нејзините родители не живеат заедно. Искрено не сакав да направам ривалитет со деца што би ги имала со друг човек, па затоа решив да сето тоа го избегнам на овој начин, свесно жртвувајќи се за неа за да не биде повредена повторно во нејзиниот живот."

На прашањето дали се чувствува среќно, Снежана одговори - "Секако дека сум среќна. Среќа е веројатно кога сме здрави и живи опколени со луѓето што ги сакаме. Со оглед дека сето ова сум го поминала а и го имам сега, немам причина да не бидам среќна. Најголема среќа се децата и работата која што сакаш да ја работиш."

Коментари

Популарно