„Албанската платформа/декларација“ е жива - се очекува закон за употреба на Албанскиот јазик во Собрание

Декларацијата на политички партии на Албанците не е дел од историјата, изјави шефот на ДУИ, Али Ахмети. Најавуви дека по празникот Бајрам овие партии ќе се состанат повторно и увери дека наскоро во Собранието ќе се најде и новиот Закон за албански јазик.

-Прашањето за јазикот е дел од договорот за коалиција. Тоа е само прашање на време кога ќе биде во собраниска процедура за гласање, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ во емисијата „Патот кон…“

Но, Ахмети не одговори дали тоа ќе се случи пред локалните избори.

-Не ме држете за збор, тоа е дел од агендата, рече Ахмети.

Во интервју за емисијата „Патот кон…“ Ахмети зборуваше за распоредувањето на ресорите со коалицискиот партнер. Тој рече дека прашањето на јавниот обвинител и понатаму останува отворено, но рече дека не е време Управата за безбедност и контраразузнавање да се раководи од Албанец. Ахмети призна дека овој владин мандат е тежок поради бројките, но рече дека ќе успее благодарение на помошта од меѓународната заедница. Меѓу другото, Ахмети рече дека одлуката за коалиција со СДСМ не беше наметната и дека за ова самиот го известил лидерот на ВМРО – ДПМНЕ  Никола Груевски.

Ахмети ја отфрли секоја можност за тајни политички договори со СЈО, одговарајќи на обвиненијата дека СЈО има селективен пристап кон претставниците на ДУИ. Тој рече дека нема да амнестира ниту ќе ги заштити функционерите на неговата партија, доколку тие ја злоупотребиле дадената доверба. Исто така ги отфрли тврдењата за тајни коалиции со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со образложение дека тема на дискусија на последниот состанок била Договорот од Пржино.

Во меѓувреме БЕСА најави дека веќе има изготвено закон.

Коментари

Популарно