Роналдо не доаѓа во Скопје со Реал Мадрид

Шпанскиот дневен весник, Марка во денешното издание пишува дека Кристијано Роналдо нема да биде во комбинација за Суперкупот на Европа и дуeлот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во Скопје

Весникот, кој е близок до раководството на „Кралевите“, уште минатиот месец објави дека Зинедин Зидан нема да ризкува со Кристијано Роналдо на стартот од новата сезона.

ЦР7 ќе добие продолжен одмор и нема да настапи на дуелот со Манчестер јунајтед во рамките на Суперкупот на Европа, натпревар кој на 9. август се игра во Скопје.

Но по елиминацијата на Португалија во полу-финалето на Купот на Конфедерации, играчот доби дозвола предвреме да се врати дома, а со тоа и порано да ги започне подготовките, со што се отвори можноста тој да се појави на Арената „Филип Втори“.

Но Марка денеска пренесе дека планот на Зинедин Зидан останува непроменет.

Кристијано Роналдо нема да биде во комбинација за дуелот во Скопје и првиот натпревар во сезоната ќе му биде гостувањето на Камп Ноу во Суперкупот на Шпанија.

Коментари

Популарно