Македонската ракометна репрезентација до 21 година го победи домаќинот Алжир и се пласираше во 1/4 финалето на светското првенство.
Конечни 24-20 за пласман меѓу најдобрите 8 репрезентации до 21 година во светот и огромен успех на оваа генрација македонски ракометари.
Уште на стартот се воочи дека Македонија има поквалитетен состав, но на полувреме носени од публиката Тунижаните отидоа со еден гол предност, 10-11. Спеак, уште на почетокот на вторите 30 минути, македонските ракометари го превземаа водството ја дктираа играта. Највисоката ралиска изнесуваше 5 голови, за на крајот да завршиме во позитива од 4.
Најголеми заслуги за победата имаат Талевски и голманот Томовски кои блеснаа во вториот дел, иако и другите одиграа на високо ниво.
1/4 финалните мечеви се закажани за утре, а Македонија игра против Франција во 19 часот.